Секој човек има право на здрава животна средина.
(Устав на Република Македонија, Член 8, 43)

 

1. КОИ СЕ НАЈОПАСНИТЕ ДОСЕГА КРИЕНИ ФАКТИ?

 

 

 

2. ГЛАВНИ НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ

 

  1. Долгорочно, ќе пропадне целокупното земјоделско производство во Струмичко Поле, бидејќи никој нема да сака да купува земјоделски производи од регион затровен со опасни хемикалии.
  2. Бројот на заболени од рак епидемично ќе се зголеми поради тешките метали, киселите води и отровната прашина. Ќе се раѓаат бебиња со ужасни деформитети и деформации. Разни болештини ќе се пренесуваат преку инсекти, водата и прашината.
  3. Се работи за најголем рудник во Југоисточна Европа. Монструм. Хидројаловиштето ќе биде огромна брана, со ѕид висок 276 метри. Замислете го тоа. Таа брана ќе биде со 4 пати поголема запремнина од Турија и ќе биде полна со 210 милиони тони смртоносен отровен отпад. Браната ќе остане ВЕЧНО. Подрачјето е со среден сеизмички ризик (земјотреси), што значи дека дека теренот не е најстабилен за изградба на таква брана. Регистрирана е и ерозија на почвата. При силни врнежи, можно е прелевање на браната со отрови. Евентуална хаварија би имала апокалиптични последици. (Илустрации 1-3)
  4. Инвеститорот ќе ги ископа златото и бакарот и ќе си замине, оставајќи пустош зад себе од кој нема да можеме никогаш да се опоравиме.
  5. Во првата фаза, ќе умрат селата Иловица и Штука, тие се веќе жртвувани. Потоа ќе се загадат и околните села. Долгорочно, целото Струмичко Поле ќе биде загадено, непогодно за живот. Ќе биде уништен нашиот вековен начин на живот. Ќе има масовни преселби.
  6. Со други зборови, ова се вика геноцид и екоцид.

 

Brana 2_616713378
Илустрација 1
Brana i Dupka 4
Илустрација 2
Brana i Dupka 11_540147666
Илустрација 3

 

 

3. НАЈГОЛЕМИТЕ ЛАГИ

 

  1. Лага е дека рудникот ќе донесе развој и големи пари за Македонија и Општина Босилово. Македонија ќе наплати само 10% данок и 2% царина. Целиот профит ќе оди надвор од Македонија. На нас ќе ни останат само отровите.
  2. Очигледна лага е дека со 400 вработени во рудникот ќе се случел економски развој. На крајот, се што ќе добијат тие луѓе ќе биде само нарушено здравје.
  3. Бесрамна лага е дека може да се случи развој преку рударство во земјоделски регион, и тоа во Струмичката Котлина која е е едно од најплодородните земјоделски подрачја во светот. Тоа е невиден апсурд и катастрофално лоша политика.
  4. Пропагандна лага е дека сега е веќе касно да се сопре рудникот. Никогаш не е касно. Рудникот се уште нема дозвола за работа. Не подлегнувајте на лагите на луѓето од Еуромакс Рисорсес. Тие се платени да ве лажат и да ве убедат дека е касно да се стори нешто.
  5. Заради сето ова, концесионерот Еуромакс Рисорсес долго време ја криеше целокупната физибилити студија за „Проектот Иловица-Штука“ под ознака „Тајно“. Беа објавени само мали делови, а останатото беше криено за јавноста да не ги осознае катастрофалните последици од рудникот.
  6. Целокупниот проект за рудникот е една голема и смртно опасна измама, во која на бездушните експлоататори им е единствено важно да остварат профит, без оглед на погубните последици по нашите животи и по нашата животна средина.

 

 

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК

 

 

 

 

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО БОРБАТА ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!
СТОП ЗА БЕЗДУШНИТЕ ПРОФИТЕРИ!

 

СТОП ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА ВО ИЛОВИЦА!