За нас

Овој вебсајт е креиран да даде подршка на активностите и напорите на непрофитното еколошко здружение "Здрава котлина" - чија примарна цел е заштита на струмичката котлина од страна на било какви активности и дејствија, коишто директно или индиректно ја загрозуваат флората, фауната и населението на истата.

Како една од првите активности на здружението е борба против хорор приказната што ни се случува пред нашите очи - Отварањето на рудникот Иловица-Штука.

Она што ќе и’ се случи на Струмичката Котлина, ако дозволиме овој рудник на смртта да проработи, би било директно загадување на трите основни елементи за живот – водата, воздухот и почвата! Истиот овој рудник на смртта директно ќе влијае врз здравјето на луѓето, животните и растенијата.

Наша цел е да го спречиме ова зло и да се избориме нашата Струмичка Котлина да остане онаква каква што треба да биде, земјоделски рај без рудници и езера со цијанид, сулфурна киселина, тешки метали и други отровни соединенија.

Актуелно / Новости

ИнформИрај се

Пораката е испратена успешно!

Се појави грешка при праќањето на пораката!

Инволвирај се!

Ако сте загрижени за она што се случува во нашата околина, имате интерес Струмичката Котлина да остане здрава и незагадена и сакате да обезбедите просперитет за вас и вашите деца, вклучете се уште денес во нашата борба! Испратете ни емаил директно на info@zdravakotlina.mk или пополнете ја контакт формата со кратко инфо за вашите познавања и начинот на кој што можете да ни помогнете во борбата против загадувачите на нашата животна средина.

Секако, контакт можете да воспоставите и преку нашата фејсбук страна